Најпрво добро измијте го спанаќот ,во една тава ставете малку масло и двете лукчина не пресечени додадете го спанаќот и динстајте 4 минути колку да се смекне спанаќот и извадете ги лукчината па оставете да олади.
Во еден пластичен поголем сад ставете го меленото месо и додадете ги јајцата, иситнете го лебот внатре,додадете го пармиганот изрендан, додадете го и магданосот исецкан,сол, вегета и бибер па заместе го добро со рака да се соединат сите состојки.
На една хартија за кување истурете го измесеното месо и направете една губа подебела. На спанаќот додадете ги лебните трошки и посипајте го над месото а одозгора на спанаќот додадете го кашкавалот иситкан на коцкички.Сега почнете да виткате ролат ама полека и пажливо помагајте се со хартијата. Ставете го роладот во огнеотпорен сад за пеќење и сето тоа ставете го во фрижидер да се зацврст половина час.
Загрејте ја ренглата на 180 степени, извадете го роладот и посипајте го со масло па ставете го 45 минути, но кога че поцрвене ставете алуфолија да не изгори одозгора. Кога е готово извадете го и оставете го 20 минути да олади за да можете да го пресчете на парченца за послужување без да се растура.
Како додаток на ова јадење можете да послужите: Пржени компири, Ориз а може и едноставно зелена салата.