Ролати од мисирка во рерна
Состојки
- 700 гр шницли од мисирка
- маслиново масло
- сол и бибер
потребни состојки за полнење прва верзија
- 350 гр салама
- 500 гр спанаќ
- рендан кашкавал …пармигано
- 30 гр буро
потрбни состојки за втора верзија
- 350 гр салама
- 500 гр шампињони печурки
- 1 чешне лук
- 1 гранче рузмарин
Начин на Приготвување
Ова е едноставен рецепт за неделниот ручек или за празници, нова година и слично
-
За првата верзија Спанаќот треба детално да го измиете и да ги отсранете шишарките. Потоа зовријте го во солена вода па добро исцедете го и ставете го во тава со стопеното буро регулирајте го за сол додадете и бибер па малку испржете го и оставете го да олади.
-
За втората верзија исецкајте ги шампињоните на коцки ставете ги во тава со масло и лукот исто и гранчето од рузмарин. регулирајте ги за сол и бибер промешајте неколку минути па извадете ги да оладат.
-
Шницлите од Мисирката /чурка/ можете да ги исчукате со кујнски дрвен чекан да се рашират и прво ставете од саламата па одозгора од смесата која сте ја одбрале а одозгора посипајте ги со рендан кашкавал. Убаво распоредете ја смесата и направете ролади можете на крај да ги врзете со кујнски конец или чачкалици за да не се отворат.
-
Во еден огнеотпорен сад стаклен или керамички ставете Маслиново масло и најпрвин испржете ги од сите страни па покријте ги со капак или алуфолиа, Во овој момент ставете ги во рерна на пониска температура и печете околу 30 минути па отцкријте ги оставете ги малку да добијат црвена боја.
-
Можете да го сервирате ова јадење придружено со компири испечени во ренгла или ориз.