Телешка Чорба Можете и дома да ја зготвите поубава и од Кафаните
Телешка Чорба Стар Македонски Рецепт
Состојки
- 500 гр Телешко Месо од бут или врат
- 1 кромид
- 5 кромидче младо
- 2 Моркови
- Магданос
- 1 Корен Целер
- 2 Компири
- 1 дл дл Масло
- 2 дл Кисела Павлака
- Сол Бибер Вегета
Начин на Приготвување
-
кромидот исецкајте го на ситно и додајте го во тенгерето со предходно загреано масло и динстајте го да засвети па додајте го Месото кое сте го исецкале на ситни коцкици продинстајте го и додајте малку вода 1 до 2 цм. Динстајте го така еден саат на тивок оган.
-
Исецкајте го и другиот зеленчук на ситни парчина и после еден саат додајте ги во тенгерето и зачинете го со сол вегета и бибер и налите 2 литри вода направете запршка со 2 лажици брашно и сето тоа заедно кувајте го уште половина час.
-
Кога че ја извадете чорбата додадете ја киселата павлака и убаво промешајте ја па можете да ја сервирате
Please follow and like us: