Туршија Зимница од Карфиол
Туршија Зимница од Карфиол со зелен патлиџан и морков како придружба на Карфиолот е многу вкусна и лесно се подготвува
Состојки
- 5 Карфиоли
- 1,5 кг Зелени Патлиџани
- 1 кг Моркови
- 20 гр Винобран
- 10 гр конзерванс
- 130 гр Есенција или бела киселина по 2 лајци на секој колограм вода
- 5 л Вода
- 300 гр Крупна сол
- 250 гр Шеќер
Начин на Приготвување
-
Овие состојки се потребни за едно буруле од 10 литри
-
Најпрво Карфиолот иситнете го на помали парчина и ставете го во вода со сол малку да покисне па убаво исплакнете го да биде чист.
-
Исто и Патлиџаните и морковите убаво измијте ги
-
према нашата мерка која ја употребивме за оваа зимница потребни се 5 литри вода за едно буре од 10 литри во кое ја ставивме оваа содржина на Карфиол,Патлиџан и Морков
-
Сега измерите 5 л вода и од неа земете 2 литри и ставете ги во тенџере на рерна па додадете ја крупната сол и мешајте додека не се стопи солта па извадете ја и малку нека отстои потоа промешајте ја и вратете ја во останатата вода
-
Во водата додадете го шеќерот и останатите сосотојки винобран,конзерванс и есенција (јас користев растворена есенција наречена бела киселина и ставив во 5 лтри 10 лајци )
-
Во бурулето почнете да ги поредувате сосотојките :Карфиолот, Патлиџанот и Морковите и кога сето убаво че го сложите сипајте ја водата (солилото)
-
Убаво е одозгора да ставете пластична мрежа за притискање и сето тоа убаво затворетего и ставете го во темна и ладна просторија да отстои барем 10 дена па можете да ја пробате и вкусите
Please follow and like us: