Ориз со Црн патлиѓан

Ориз со Црн патлиџан

Еден брз рецепт со ориз. Многу фкусен и за секоја сезона во горината и во секое време на денот.

Порции 4

Состојки

  • 320 гр Ориз
  • 1 Коцка за супа
  • 30 гр маслиново масло
  • 350 гр Црн Патлиџан
  • 45 гр Кромид
  • 50 гр Буро
  • Сол, Вегета и бибер

Начин на Приготвување

  1. Најпрво спремете супина вода со коцка супа од зеленчуци, значи ставете ја коцката во 750мл вода и скувајте ја.

  2. Црниот Патлиџан исецкајте го на коцкички околу 1,5 цм големина.

  3. Во еден подлабок сад ставете го Маслиновото масло и кромитчето ситно исецкано па 4 до 5 минути динстајте го кромитчето.

  4. После 4до 5 минути додајте ја супината вода и сето да проврие 10 минути, па додајте го Патлиџанот.

  5. Сето заедно динстајте го околу 4 минути оганот да биде умерен не силен па додајте го оризот претходно измиен и осушен. Премешајте ја содржината да се добие убав распоред на Ориз и Патлиџан.

  6. Пред да почнете со мешајне додадете малку сол или вегета затоа што супината вода е сама солена па треба да пазете да не пресолете. Штом Оризот почнува да засушува додавајте од супината вода се додека не се скува убаво оризот.

  7. На крај згаснете го огнот и додајте Буро и мешајте да се стопи и даде свој вкус.

  8. Како еден мал совет за крај ако сакате по ваша желба можете со Буро да додадете и рендан пармезан

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento