Најпрво спремете супина вода со коцка супа од зеленчуци, значи ставете ја коцката во 750мл вода и скувајте ја.
Црниот Патлиџан исецкајте го на коцкички околу 1,5 цм големина.
Во еден подлабок сад ставете го Маслиновото масло и кромитчето ситно исецкано па 4 до 5 минути динстајте го кромитчето.
После 4до 5 минути додајте ја супината вода и сето да проврие 10 минути, па додајте го Патлиџанот.
Сето заедно динстајте го околу 4 минути оганот да биде умерен не силен па додајте го оризот претходно измиен и осушен. Премешајте ја содржината да се добие убав распоред на Ориз и Патлиџан.
Пред да почнете со мешајне додадете малку сол или вегета затоа што супината вода е сама солена па треба да пазете да не пресолете. Штом Оризот почнува да засушува додавајте од супината вода се додека не се скува убаво оризот.
На крај згаснете го огнот и додајте Буро и мешајте да се стопи и даде свој вкус.
Како еден мал совет за крај ако сакате по ваша желба можете со Буро да додадете и рендан пармезан