Сите житарици и овошје имаат квасец. Затоа можеме да направиме квасец од житарици или овошје на пр грозје. јаболко,компир и друго но тоа дава и подруг вкус на лебот. Да заклучиме Водата и Квасецот во билките со Ферментација даваат да се добије квасец за Леб.
Како да направите квасец од Брашно:
Ставете ја во стаклената тегла Водата,Брашното и Шеќерот убаво промешајте ја состојката па прекријте ја со газа и ставете го на топло покрај радијаторот но не дирекно на топлина. Шеќерот не мора да го додавате ако мислите дека ви смета но процесот на Ферментација трае подолго.
Квасецот е готов за 3 до 7 дена зависно дали сте додале Шеќер. Значи треба да го осетите по мирисот и дали има меурчина на врвот.
За еден килограм Брашно потребни ви се околу две чаши квасец.
Ако планирате да правите редовно леб секој ден додавајте по пола чаша млака вода и Брашно. Тогаш треба да ја промешате масата со дрвена лажица. Ако не месите секој ден тогаш моажете да го замрзнете квасецот. Треба само да одмерите потребна количина за едно месење и да го замрзнете.
Тестото од овој квасец потешко расте па затоа најдобро е навечер да се замеси па до сабајле да изиди и да се стави на печење.
КАКО ДА НАПРАВИТЕ КВАСЕЦ ОД КОМПИР:::
Потребни состојки : 1 компир стредна големина како женска тупаница...
1 литар вода.
1 лажица Шеќер
Компирот да не се љупи туку убаво да се измије од земја да биде чист. Да се скува во несолена вода. Водата да не се фрла. Кога е сварен компирот да се изгнечи и да се додаде шеќерот. Кога компирот е млаколаден ставете го во тегла заедно со млаката вода во која сте го вареле и сето промешајте го би требало да има 1 литар мешавина.
Потребното време за Ферментација за добивањје на овој квасец е 3 до 4 дена. Треба да има меурчина на врвот. Тогаш исцедете го и чувајте го на ладно. Исто и од овој квасец ви се потребни две чаши за килограм брашно.
И со овој квасец потребно е лебот навечер да се замеси и да се стави на плехот за печење а сабајле да се пече или обратно.
ПРОБАЈТЕ