Домашен Квасец како сами да направите за време на Корона криза

Домашен Квасец како да направите

Време за готвење 3 days

Состојки

  • 1 чаша Брашно
  • 1 чаша млака Вода
  • 1 стаклена тегла поголема
  • 1 лажица Шеќер

Начин на Приготвување

  1. Сите житарици и овошје имаат квасец. Затоа можеме да направиме квасец од житарици или овошје на пр грозје. јаболко,компир и друго но тоа дава и подруг вкус на лебот. Да заклучиме Водата и Квасецот во билките со Ферментација даваат да се добије квасец за Леб.

  2. Како да направите квасец од Брашно:

  3. Ставете ја во стаклената тегла Водата,Брашното и Шеќерот убаво промешајте ја состојката па прекријте ја со газа и ставете го на топло покрај радијаторот но не дирекно на топлина. Шеќерот не мора да го додавате ако мислите дека ви смета но процесот на Ферментација трае подолго.

  4. Квасецот е готов за 3 до 7 дена зависно дали сте додале Шеќер. Значи треба да го осетите по мирисот и дали има меурчина на врвот.

  5. За еден килограм Брашно потребни ви се околу две чаши квасец.

  6. Ако планирате да правите редовно леб секој ден додавајте по пола чаша млака вода и Брашно. Тогаш треба да ја промешате масата со дрвена лажица. Ако не месите секој ден тогаш моажете да го замрзнете квасецот. Треба само да одмерите потребна количина за едно месење и да го замрзнете.

  7. Тестото од овој квасец потешко расте па затоа најдобро е навечер да се замеси па до сабајле да изиди и да се стави на печење.

  8. КАКО ДА НАПРАВИТЕ КВАСЕЦ ОД КОМПИР:::

  9. Потребни состојки : 1 компир стредна големина како женска тупаница…

  10. 1 литар вода.

  11. 1 лажица Шеќер

  12. Компирот да не се љупи туку убаво да се измије од земја да биде чист. Да се скува во несолена вода. Водата да не се фрла. Кога е сварен компирот да се изгнечи и да се додаде шеќерот. Кога компирот е млаколаден ставете го во тегла заедно со млаката вода во која сте го вареле и сето промешајте го би требало да има 1 литар мешавина.

  13. Потребното време за Ферментација за добивањје на овој квасец е 3 до 4 дена. Треба да има меурчина на врвот. Тогаш исцедете го и чувајте го на ладно. Исто и од овој квасец ви се потребни две чаши за килограм брашно.

  14. И со овој квасец потребно е лебот навечер да се замеси и да се стави на плехот за печење а сабајле да се пече или обратно.

  15. ПРОБАЈТЕ

Please follow and like us:

Komentari

Komentari

Lascia un commento