Döner
Бидејки овој рецепт е за домашни услови, нема да пишуваме како се подготвува во случај на опрема како печка која врти, како во турските ресторани, туку ќе подготвуваме во тава.
Ке го замрзнете месото за да може да го исецкате на тенки мали парчиња, како на сликата
Ке го исецкаме на мали парчиња кромидот, исто и така и лукот.
Го ставаме месото во поголем сад па му ги додаваме маслото, лукот, кромидот, ореганото, пиперот, вегетата сол и црн бибер
Мешајте ги овие состојки најмалку 5 минути
Оставете го месото да отстои 25 минути на собна температура
Додека чекате можете да го припремате сосот.
За сосот рецептот е да ги исмешате сите состојки, и да проверете дали е доволно солено и вкусно.
Ставете го малку во фрижидер за да се зајакне.
Ако правите донер со мешан зеленчук, ставете го да се пржи со малку вода и путер
кога ќе поминат 25 те минути за месото, тоа е спремно да се стави во загреана тава.
Пржете 20 или 25 минути, додека не поцрвене
Стоплете го лебот
Намачкајте од сосот на топлиот леб, ставете од месото потоа од салатата или мешаниот зеленчук и уште еднаш од сосот
Ако користете рамен леб, завиткајте го како ролат или тако. Можете да користете алуминска фолиа за да не ви се одвртува и за да го задрже цврсто затворено.
Добар апетит!
Ако сакате да гледате видеа за како се подготвува, може да ги најдете на нашата Инстаграм Страница во вид на зачувани Стори
Adi Blog MK